Волгоград | м.

Град во Јужна Русија.

волев | прид.

Што пројавува или изразува волја. Волев флуид. Волево реагирање. Волеви својства.

волен | прид.

Слободен. Волен момок. Волно ветарче. Волни летови.

волеј | м.

Удар на топката додека е во лет, пред да падне наземи (во тенис, фудбал и сл.). Ја смести топката во мрежата од волеј. Неговите волеи се силни и прецизни.

волк | м.

Диво крволочно животно од фамилијата на кучињата, со сивкаво крзно, кое во текот на зимата лови во глутница; Canis lupus. Уловен волк. Завиваа волци. Глутница волци.

волна | ж.

(само едн.) Густи влакна што го покриваат телото на некои животни (овци, камили и сл.). Го галеше јагнето по меката волна. Ги вардеше овците да не си ја оскубат волната низ шипјето.

волнав | прид.

Што е обрастен со волна, што има многу волна. Нашите овци се волнави.

волнар | м.

Лице што тргува со волна. Волнарите ја откупија целата волна од селаните.

волнарница | ж.

Работилница за преработка на волна или продавница за волна. Работата во волнарницата добро му одеше.

волнарство | ср.

Вид дејност или индустриска гранка за преработка на волна. Пред неколку години волнарството беше мошне развиено.