воспитател | м.
воспитач | м.
воспитен | прид.
Што се однесува на воспитување. Воспитен завод. Воспитно влијание. Воспитни цели.
воспитувач | м.
Лице што воспитува некого.
воспостава | несв.
воспостави | св.
Обнови нешто, врати во претходна состојба. Го воспостави стариот поредок во државата.
восприема | несв.
восприми | св.
Прими, усвои, сфати нешто. Мислам дека не воспримивме доволно од поразвиените култури и традиции. Многу полесно ги восприми новите лекции.
воспримлив | прид.
Што лесно се сфаќа, се прима. Воспримлива порака.
востане | св.
Крене востание, почне вооружена борба. Народот востанал против султанската тиранија. За право и за слобода востанав, за неа умирам.