воспаление | ср.
Заболување на некој орган или ткиво предизвикно од инфекција и проследено со температура, со болки и сл. Акутно воспаление на слепото црево. Доби воспаление на белите дробови.
воспали | св.
Предизвика воспаление. Од силното врескање го воспалил грлото.
воспалителен | прид.
Што се однесува на воспаление. Воспалителен процес.
воспева | несв.
Слави, велича некого или нешто низ песна. Голем број народни песни ја воспеваат храброста на Сирма војвода.
воспее | св.
воспита | св.
Изврши свесно влијание во формирањето на нечија личност (обично на некој помлад), во развивањето на нејзините физички, умствени и морални особини и способности. Тој ги воспитал своите деца во спартански дух.
воспиталиште | ср.
Воспитна установа. Тој работи во едно воспиталиште.
воспитан | прид.
Што е учтив, што умее добро да се однесува;
воспитание | ср.
Свесно дејствување врз формирањето на нечија личност; воспита. Неговото држење беше плод на добро воспитание. Воншколското јазично воспитание е разновидно.
воспитаник | м.
Тој што се воспитува, што учи или што е воспитуван, учен од некого или некаде (во соодветна установа). Тој е мој воспитаник. Нашите воспитаници ќе нè посетат.