вражбина | ж.
вражука | несв.
вражји | прид.
Што се однесува на враг. Вражја сила.
вразуми | св.
Влијае врз некого да биде разумен, да постапува разумно. Него татко му не го вразумил, па ти ќе го вразумиш. Годините го вразумија него.
врами | св.
Стави во рамка. Тој ја врами својата семејна фотографија.
вран | прид.
Што има сјајна црна боја. Вран коњ. Врана коса.
врана | ж.
Вид птица со црни или сиви перја која живее околу населени места; Corvus cornix. Една врана леташе над езерото. На гранките се собираат јата црни врани.
вранест | прид.
вранец | м.
Вран, црн коњ. Човекот го јаваше тенконогиот вранец. Кочијата ја влечеа два вранци.
вранин | прид.
Што се однесува, што ѝ припаѓа на врана. Вранино јајце.