врат | м.

(анат.) Дел од телото кај човекот и животните што ја поврзува главата со трупот. Таа си играше со свирчето што ѝ висеше на вратот. Гуските ги издолжуваа вратовите.

врата | ж.

Направа што затвора или отвора некој отвор низ кој се влегува и излегува од соба, куќа, двор, градина и др. Потропа на вратата од одајчето. Излегува и ја треснува вратата. Чкртна со вратата. Влезна врата. Еднокрилна врата. Двокрилна врата. Споредна врата.

вратар | м.

Лице што го следи, го контролира влезот во зградата или во определен простор. Вратар во претпријатието.

вратен | прид.

Што припаѓа, што се однесува на врат. Вратни жили. Вратен прешлен.

врати | св.

Даде назад нешто што е земено, грабнато. Врати заем. Врати пари. Врати долг. Ни го врати тоа што е наше.

вратика | ж.

Мирислива полска зелјеста билка со жолт цвет; Tanacetum vulgare. Моми и невести оделе низ ливаѓе да берат вратика.

вратилиште | ср.

Збиралиште.

вратило | ср.

Дрвен валјак на разбојот околу кој се витка преѓа, кросно.

вратка | ж.

Возврат за нешто. Сакам насмевка да им подарам како вратка за она најскапото. Ова ти е вратка за сите навреди.