врекавица | ж.
Козја болест.
врекало | ср.
врекло | м.
Лице или животно што врека.
врекне | св.
Викне, дигне врева. Врекна со дебелиот бас.
врел | прид.
Што е многу топол, жежок. Врела вода. Врело кафе. Врела пепел. Врела смола.
врелец | м.
Врела вода.
врелина | ж.
Жештина, горештина. Лозја исушени од врелина. Врелина на сончеви лачи.
врелотија | ж.
време | ср.
(само едн., филоз.) Една од двете (покрај просторот) основни форми на постоење на материјата. Времето и просторот се двете форми на постоење на материјалниот свет. Времето не може да запре.
временен | прид.