временски | прид.
Што се однесува на време. Временска прогноза.
времеплов | м.
Тек на историски настани што траеле во долг временски период.
времетраење | ср.
Период на случување, период на траење. Емисии со ограничени времетраења.
врен | прид.
вреска | несв.
Пишти гласно, силно плаче. Бебето цел ден врескаше. Вреска под страшните маки.
врескав | прид.
Што има својство на врескот. Врескав глас.
врескало | ср.
Тоа што вреска.
вресканица | ж.
Врескот. Се слуша козја вресканица. Вресканица од радост.
врескач | м.
Тој што вреска.
врескот | м.