вртоглавица | ж.

Состојба на организмот во која се губи чувството на рамнотежа и во која се чини дека сè се врти. Чувствував слаба вртоглавица.

вртушка | ж.

Нагло, брзо кружно движење на силен ветар со прав и др. Вртушки прав се креваа дури до небесата.

вруток | м.

Местото каде што извира вода, река; извор. Реката извира од врутокот горе во планината. Вие без да знаете, прекинат е врутокот, кладенецот.

вруши | св.

Урне, расипе, уништи. Ја вруши шталата.

вруќ | прид.

Што е врел, жежок, мошне топол. Вруќ леб. Вруќа ракија. Вруќа медовина.

вруќи | несв.

Загрева, прави нешто да биде жешко. Го вруќи чајот.

вруќина | ж.

Горештина, жештина, врелина. Надвор е вруќина.

вруќица | ж.

Висока температура поради болест.