вртокуќник | м.
вртоперка | ж.
вртушка | ж.
Нагло, брзо кружно движење на силен ветар со прав и др. Вртушки прав се креваа дури до небесата.
вруќ | прид.
Што е врел, жежок, мошне топол. Вруќ леб. Вруќа ракија. Вруќа медовина.
вруќи | несв.
Загрева, прави нешто да биде жешко. Го вруќи чајот.
вруќина | ж.
Горештина, жештина, врелина. Надвор е вруќина.
вруќица | ж.
Висока температура поради болест.
вруток | м.
Местото каде што извира вода, река; извор. Реката извира од врутокот горе во планината. Вие без да знаете, прекинат е врутокот, кладенецот.
вруши | св.
Урне, расипе, уништи. Ја вруши шталата.
врховен | прид.
Највисок по ранг, главен. Врховен водач. Врховен суд. Врховен бог. Врховен заповедник.