вчераутро | прил.
Минатото утро, вчера наутро. Вчераутро чу за враќањето на синот.
вчерашен | прид.
Што се однесува на денот пред денешниот, што се однесува на вчера. Останале траги од вчерашната бура.
вчипчи се | св.
Цврсто зграпчи, стегне. Се вчипчил со нокти за блузата.
вчудено | прил.
Ааа ... како божем вчудено рекоа гостите.
вчуденост | ж.
вчуди | св.
Се зачуди.
вчудовидено | прил.
Тој зина и вчудовидено гледаше.
вчудовиденост | ж.
Состојба на тој што е вчудовиден.
вчудовиди | св.
Запрепасти, силно изненади, зачуди некого со нешто неочекувано, несфатливо. Неговата облека сите ги вчудовиди.
вчудовидувачки | прид.
Што предизвикува вчудовидување. Вчудовидувачки содржини.