вцрпи | св.
Зграпчи.
вчади | св.
Зачади.
вчапи | св.
Зграпчи. Мачката ја вчапи гулабицата и избега.
вчапне | св.
Зграпчи, вчапи.
вчас | прил.
Веднаш, за миг, на часот. Од зад стеблата вчас дотрчаа уште неколкумина. Срцето вчасот му се исцелило. Срипа и вчасум се најде кај портата
вчекани | св.
Доведе во неподвижна состојба, вкочани, здрви. Го вчекани од ќотек.
вчепи | св.
вчепка | св.
Зграпчи, вчапи, грабне за гуша. Веднаш ја вчепкале и ја одвлекле. Вели дека ќе ме вчепка и ќе ме врзе за некое дрво.
вчера | прил.
Денот пред денес. Поминав вчера напладне крај вашата куќа. Од вчера утрото не сме јале.
вчеравечер | прил.
Минатата вечер, синоќа, сношти. Вчеравечер се собрале неколку души на разговор кај комшиите.