весло | ср.
Дрвен предмет во вид на лопата, што служи за движење на чамецот или на друго превозно средство по вода. Со леснина замавнуваше со веслата, а потем го пушташе чунот да лизга по водата.
весник | м.
Тој што носи некаква вест, порака; гласник. Над небото кружеа темни облаци, весници на оние силни дождови што паѓаат во тоа време. Низ калдрмата избивала трева, како прв весник на пролетта.
весникар | м.
Продавач на весници; колпортер.
весникарница | ж.
Продавница за весници.
весникарство | ж.
Новинарство, журналистика.
веспа | ж.
Вид мал, лесен мотоцикл.
вест | ж.
Известување за нешто; глас, новост. Имам убава вест за тебе. Спортски вести.
весталка | ж.
Кај старите Римјани – свештеница во храмот на божицата Веста.
вестерн | м.
Популарен назив за филмови и романи во кои се прикажува американскиот Див Запад. Вестерн – филм.
вести | несв.
Јавува, соопштува, навестува. Тешките темни облаци вестеа невреме.