верују | ср.

Црковен текст во кој накратко се предадени основите на христијанската вера; кредо.

весел | прид.

Што е радосен, расположен, среќен. Весел човек. Весело друштво. Весела расположба.

веселба | ж.

Радост, весело расположение. Јас убаво пеам, ќе им правам веселби. Секоја категорија гости си има и свој начин за веселба.

весели | несв.

Создава радост, задоволство и ведро расположение. Свирачите ги веселеа свадбарите.

веселник | м.

Весел, ведар човек, кој сака шеги и смеа. Тој е добар човек, веселник, секогаш спремен за шега и песна.

весла | несв.

Движи чамец или друго превозно средство на вода со помош на весло; плови со помош на весло. Цела ноќ веслал со чунот до сред езеро.

веслач | м.

Тој што весла. Таа седеше напред, со лице свртена кон веслачот.