виновник | м.
Тој што е виновен за нешто. Тој е виновник за сè што се случи на состанокот.
виногорје | ср.
Регион каде што се одгледува винова лоза, лозарски реон. Овој систем на кроење може со успех да се применува во сите наши виногорја.
виножито | ср.
Оптичка атмосферска појава во форма на лак што настанува со прекршување на сончевите зраци низ дождовните капки, при што се добива спектар на белата боја од седум бои, божилак; Arcus pluvius. Се верува дека појавата на виножито означува бериќет. Виножитото се појави веднаш по преврнувањето.
винопиец | м.
Тој што пие многу вино. Тој е голем винопиец.
винороден | прид.
Крај, регион богат со лоза и во кој се произведува многу вино; лозарски крај, регион. Винородна земја.
винотека | ж.
Збирка на вина, бар за дегустација на вина, продавница на одбрани вина.
вински | прид.
Што е од вино, што се однесува на вино. Вински оцет. Винска чаша. Винска мушичка. Винска карта.
винт | м.
Машински цилиндричен (обично шестостран) елемент со спирален навој; навртка.
виола | ж.
Гудачки инструмен со четири жици, по големина и според тонскиот регистар помеѓу виолина и виолончело. Виолите даваат плачливо ехо.
виолетен | прид.
Што е со синоцрвена боја, со боја на темјанушка, Сонцето го открива виолетниот прелив на гушките од гулабите.