вилјак | м.

Стог сено.

вилнее | несв.

Беснее, лудува; се пројавува во голема сила Водата на дотечената река вилнееше меѓу карпестите брегови. Војната вилнееше околу нас.

Вилнус | м.

Главен град на Литванија.

виљушка | ж.

Дел од приборот за јадење, со запци, што служи за набоднување на храната. Со виљушката набодна парче сирење.

виљушкар | м.

Возило што служи за кревање и пренос на товар во магацини и сл.

виме | ср.

Млечен жлездест орган кај некои домашни животни (крава, овца, коза и др.), особено преживари, кој се состои од две до четири млечни жлезди обвиени со кожа. Добитокот се враќа од пасење со полни вимиња.

вимест | прид.

Што личи или има форма на виме.

вина | ж.

Престап, грешка на поединец или група во однос на општоприфатените норми. Тој ја призна својата вина. Негова вина е што дошло до експлозија во погонот.

винар | м.

Производител или трговец на вино. Тој е најпознатиот винар во нашиот крај.

винарина | ж.

Данок или такса за вино што во времето на Турското Царство се плаќал за произведеното вино, а се плаќал со вино.