габичен | прид.
Што се однесува на габичка. Габично заболување.
габичка | ж.
Дем. од габа.
Габон | м.
Држава во Африка.
Габороне | ср.
Главен град на Боцвана.
габоса | св.
Мувлоса, добие габички. Лебот габоса.
габосан | прид.
Што е мувлосан, што има габички. Габосан леб.
габрак | м.
Место обраснато со габрови дрвја. Се слушаа птици од габракот.
габровица | ж.
Гранка од габрово дрво. Собираше габровици по шумата
гаваз | м.
Личен стражар на лице на повисока позиција, обично дипломат. Дојде бегот со двајца гавази за да го заплашува народот.
гавез | ж.
Лековито растение со исправено влакнесто стебло и црвено-виолетови, бели или жолтеникави цветови што се користи за лекување воспалени рани и др.; Symhytum officinale.