гавран | м.
Вид птица со црни сјајни пердуви и силен клун; Corvus corax.
гавранов | прид.
Што му припаѓа на гавран. Гавраново перо. Гавранов клун.
гага | прил.
Бесплатно. Сношти добивме јадење гага.
гагаџија | м.
Човек што сака бесплатно да добива разни услуги, обично јадење и пиење. Се собраа сите гагаџии.
гад | м.
Нечистотија, валканица, гадотија. Во затворот насекаде беше гад и смрдеа.
гаден | прид.
Што е одвратен, лош, подол. Гадни работи се случуваат.
гади се | несв.
повр. Чувствува гнасење, одвратност, одбивност кон нешто. Луѓето се гадеа од нечистотијата што ја затекнаа во таа просторија.
гадина | ж.
гадинка | ж.
Дем. од гадина.
гадлив | прид.
Што чувствува одвратност кон нешто, обично храна. Детето беше гадливо.