г | глас
Глас, звучна согласка во македонскиот стандарден јазик, заднонепчена според местото на образување, експлозивна според начинот на образување.
га! | изв.
За имитирање на гласот на некои птици, обично на гуска.
габа | ж.
Организам што наликува на ниско растение без листови, со кусо стебло и врв во форма на шапка; печурка; Fungus. Отровна габа. Габа за јадење. Супа од габи.
габар | м.
Човек што собира габи. По дождот излегоа габарите да берат габи.
габардин | м.
Фина ткаенина од волна или од памук што се користи за изработка на горна облека. Си соши костим од габардин.
габардиса | св.
Збувне, прими течност.
габер | м.
Вид дрво со жилести и назабени лисја, со мазна сива кора и бела срцевина што се користи за изработка на музички инструменти и на други предмети; Carpinus betulus. Тие цели недели ги копаа длабоките корење на буките и габрите.
габерица | ж.
габерлив | прид.
Обраснат со габер. Габерливо место.
габеров | прид.
Што е од габер, штосе ~ однесува на габер. Габерово дрво. Габерова шума