гладува | несв.

Чувствува недостиг од храна во подолг временски период. Цела зима гладуваа.

Глазгов | м.

Град во Шкотска, Велика Британија.

глазира | св. и несв.

Премачка, премачкува со глазура. Фасадата на куќата ја глазира секоја пролет.

глазура | ж.

Слој од сјајна смеса со кој се премачкуваат определени предмети заради поголема цврстина, непропустливост или сјај. Керамичките садови имаа сјајна глазура.

гламна 1 | ж.

Големо парче недогорено дрво. По обредот луѓето собирале изгорени гламни или јагленчиња и ги носеле дома.

гламница | ж.

Вид болест кај житата при што тие или изумираат или заостануваат во натамошниот раст; Ustilago и Tilletia levis.

гламновица | ж.

Голема гламна, недогорена цепеница.

гламноса | св.

Изгори, поцрни. Гламносаа гредите во куќата.

гламносан | прид.

Што е изгорен, поцрнет. Гламносана куќа.