глаголи | несв.

Зборува, разговара. Монахот глаголеше молитва.

глаголив | прид.

Што е зборлив, разговорлив. Попот беше глаголив.

глаголица | ж.

Првата словенска азбука, составена од браќата Кирил и Методиј во IX век, којашто содржела 38 букви и на која биле напишани најстарите црковни книги.

глаголски 1 | прид.

Што се однесува на глагол, што содржи глагол. Глаголски прилог. Глаголска именка. Глаголска конструкција.

глаголски 2 | прид.

Што се однесува на глаголица, што содржи глаголица. Глаголски текст.

глад | м.

Чувство на потреба, неопходност од храна. Беше свесен само за онаа прва вистински сетена болка на гладот во својот стомак.

гладен | прид.

Што чувствува глад; ненајаден. Многу сум гладен, од вчера ништо не сум јадел.

гладијатор | м.

Роб или осуденик (во Римското Царство) обучен да се бори со други како него или со диви ѕверови пред публика во голема арена. Лавот и гладијаторот крваво се бореа во арената.

гладиола | ж.

Украсно растение со право високо стебло и цветови на него кои можат да бидат во разни бои; Gladiolus.

гладник | м.

Гладен човек. Јас барав, кутрата, како гладник – залак леб, како жеден – капка вода.