Газа | ж.

Град на источниот брег на Средоземното Море.

Газа | ж.

Област на источниот брег на Средоземното Море.

газалиште | ср.

Плитко место за поминување преку вода. Бараше газалиште за да ја премине реката.

газглава | прил.

Главечки (при превртување). Децата се превртуваа газглава.

газда | м.

Богат човек; чорбаџија. Како вистински газда, јадеше по најскапите ресторани.

газдарица | ж.

газда. Газдарицата го изнајмуваше станот евтино.

газдин | прид.

Што му припаѓа на газда. Газдина куќа.

газдински | прид.

Што се однесува на газда, што му припаѓа на газда. Газдинска ќерка.

газдува | несв.

Раководи, стопанисува. Газдите газдуваа, а работниците работеа.