газела | ж.
Вид тропско животно, копитар, слично на срна, со стројно тело, долги нозе и со рогови; Gazella dorcas.
газер | м.
Долниот, најнизок дел од некој сад, дно на длабок предмет, на кутија, на сандак и сл. Ги кладов парите во сандакот, на газерот.
газест | прид.
Што има голем газ. Газлеста жена
газечки | прил.
Наназад. Падна газечки.
газечкум | прил.
гази | несв.
а) Стапнува, чекори, оди. Ми се чинеше не газам на нозе. На челото газеше нашиот водник. б) Стапнува на нешто (снег, кал, трева и сл.). Гази уморно во снегот. Матичарот газеше во калта и размислуваше за есенската здодевност. в) Преминува преку вода, планина и сл. Реката во април не се газеше. А колку за нас, ние сме научени да ја газиме планинава.
газиен | прид.
Што се однесува на газија. Газиена ламба.
газија | ж.
Гас во течна состојба што се користи за осветлување; петролеј. Нека светка ламбата, не карабитната, туку онаа на газија.
газијарник | м.
Сад за чување газија. Го наполни газијарникот.
газира | св. и несв.
Додаде, додава јаглерод диоксид во вино, во безалкохолен пијалак и сл. Минералната вода ја газираат и ја пакуваат.