големопоседник | м.
Сопственик на голем посед, на голем имот. Се собраа сите големопоседници на разговор.
големство | ср.
Висока општествена положба. Не му значеше многу да дојде до некое големство во животот.
големштина | ж.
големџија | м.
Голешница | ж.
Планина во Македонија.
голи | несв.
Прави нешто или некого гол, соголува. А, ти си еден од оние што ја голеа шумата.
голина | ж.
Голо, соголено место. Далеку напред, каде што голината на сртот свива надолу, почнаа да никнуваат луѓе.
голич | м.
Сиромашен, беден човек; голтар. Сите полјаци голичи биле, а бегови станале.
голиштарец | м.
Пиле без пердуви. Седелото беше полно со пилиња голиштарци.
голман | м.
Играч што го брани голот.