голта | несв.
Прима храна или течност преку устата во хранопроводникот. Беше тешко да се голта водата кога знаеш дека ја пиеш за да остане што помалку место за лебот. Долго ги џвакаше и полека ги голташе парчињата месо.
голтак | м.
голтар | м.
Сиромашен, беден човек. Знам нема да се здружиш со голтари и легачи на кои им тежи мотиката. Додека бев голтар, никој не ме мразеше.
голтарак | м.
голтка | ж.
Количество течност што се голта наеднаш. Се напи неколку голтки вода и продолжи со работата. Чајот се пие голтка по голтка, полека.
голтне | св.
Прими храна или течност; проголта. Ги голтна лековите во еден здив.
голушка | ж.
Семка од овошје (кајсија, слива и др.). Ги плукаше голушките на сите страни.
голф | м.
(спорт.) Англиска игра при која со дрвени палки се втеруваат топчиња во дупки.
гомбел | м.
Питома коприва; Urtica dioica. Тој ги покрил свинските апежи со земја и со мек лист на копривата гомбел.
гомнар | м.
Никаквец. Гомнар еден, ти ќе ми кажуваш што да правам!