гомнен | прид.
Што е со гомна. Гомнени пелени.
гомненица | ж.
(вулг.) Нечистотија. Цел ден ги чистеше гомнениците во дворот.
гомно | ср.
Измет, најчесто човечки.
гонач | м.
гонг | м.
Голем метален диск во кој се удира со дрвена палка. Ударите на гонгот го означија почетокот на вечерата.
гондола | ж.
Венецијански чамец со издигнат клун, обично украсен, кој служи за пловење по каналите. Ја разгледувавме Венеција со гондоли.
гондолиер | м.
Возач на гондола.
гони | несв.
Брка некого, трча по некого со цел да го фати. А ти не мораш да возиш како некој да те гони.
гонител | м.
Тој што гони некого со цел да го фати. Му се чинеше дека некои непознати гонители го гонат, или барем го следат.
гонореја | ж.
Венерична болест; трипер.