готвачница | ж.

Просторија каде што се подготвува храна; кујна. Готвачите не излегоа цела вечер од готвачницата.

готвено | ср.

Приготвено, зготвено јадење; купечка или сува храна. Ние сакаме готвено, доста ни е од сува храна.

готви | несв.

Прави, врши подготовки за нешто; подготвува. Селаните му готвеа голем пречек.

готика | ж.

Стил на градба во Западна Европа од средниот век (по романтиката, а пред ренесансата) што се карактеризира со високи, издолжени градби, катедрали и сл.

готица | ж.

Латинично писмо (азбука), настанато во времето на готиката, со остри, аглести букви.

готов | прид.

Што е завршен, направен, изработен. Мостот е готов. Ручекот е готов.

готован | м.

Човек што чека сè на готово; мрзливец. Тука не примаме готовани и арамолепци.

готованство | ср.

Состојба на готован.

готовина | ж.

Пари што се на располагање; готови пари. Трошеа штедливо од заостанатата готовина и постепено се зафаќаа со работа.

готовност | ж.

Подготвеност, решеност, согласност нешто да се направи. Тој изрази готовност да ни помогне.