граба | несв.
Зема нешто насилно, брзо. Го граба ножот од појас и се убива.
грабадина | несв.
Трча. Тројката сложно грабадинаше по патот.
грабач | м.
Тој што граба, што присвојува нешто што е туѓо; грабливец, ограбувач. Гледај ги, грабаат, грабаат. Грабачи!
грабеж | м.
Насилно одземање нешто туѓо; пљачка, крадење. Важеше за човек кој преку политиканство и грабеж стекнал име и богатство. Војната и грабежот одат заедно. Вчера беше извршен оружен грабеж на банка.
грабежлив | прид.
Што граба, што има својство на грабежливец. Грабежлив човек.
грабежливец | м.
Тој што граба, што присвојува нешто што е туѓо; грабач, грабливец.
грабежливост | ж.
Својство на грабежливец.
граби | св. и несв.
Ограби, ограбува. Луѓе од разни села го грабат богатството на езерото.
граблив | прид.
Што сака да граба, што има својство на грабливец; грабежлив. Граблив човек.
грабливец | м.
Тој што сака да граба; грабежливец. Сите грабливци од селото ги фатија.