грибла | несв.

Работи со грибло. Го гриблаше сеното до првиот мрак.

грибло | ср.

Алатка со дрвена рачка и со метални запци на крајот што служи за собирање сено, слама и сл. и за порамнување земја. Селаните се упатија накај нивата со лопати, мотики и грибла во рацете.

грива | ж.

Долги влакна над вратот и на главата кај коњите, кај лавовите и кај други животни. Коњите со развиорени гриви трчаа по ливадите.

гривест | прид.

Што има голема, бујна грива. Јаваше на црн, гривест коњ.

гривна | ж.

Накит, украс за рацете; белезица.

гривјак | м.

Гулаб со бели пердуви како гривна на вратот, што живее во шума и е многу плашлив, зимно време се сели на југ; Columba palumbus.

грижа | ж.

Немир, неспокојство поради некоја непријатност, тешкотија, проблем. Овој испит ми претставува голема грижа. Не оптоварувај се, тоа е моја грижа.

грижен | прид.

Што покажува, изразува грижа; загрижен. На пат го испраќаше со грижна насмевка.

грижи се | несв.

Води грижа за некого или за нешто; чува, помага. Татко ми се грижеше за сите нас.