грижлив | прид.

Што многу се грижи, води сметка, се труди, што е внимателен. Таа беше грижлива мајка.

грижник | м.

Човек што се грижи. Тој беше вистински грижник за народот.

гриз 1 | м.

Парче храна што се добива со едно загризување; залак. Детето касна само еден гриз од јадењето.

гриз 2 | м.

Ситно сомелено жито што се користи за исхрана, особено за мали деца. Бебето го ранеа со кашичка од гриз.

гризе | несв.

Каса, откинува нешто со заби. Некој молец го гризел ќебето.

гризли | ср.

Голема кафеава северноамериканска мечка; Ursus horribilis.

гризлив | прид.

Што гризе. Со шал се штитеше од гризливиот ветер.

гризне | св.

Направи едно гризење. Гризни-остави чинеше.

грим | м.

Маска од козметички средства на лицето на актерот со цел да се добие саканиот изглед. Театарскиот грим и светлоста на сцената лесно ќе ја сокријат грдоста.

гримаса | ж.

Искривен изглед на лицето предизвикан од различни чувства или со определена цел. Лицето му беше изобличено во непријатна гримаса.