галванопластика | ж.

Изработка на отпечатоци во метал по пат на електролиза.

галваноскоп | м.

Апарат за идентификување галванска струја.

галванотерапија | ж.

Лекување со помош на галванска струја.

галванотехника | ж.

Дел од електрохемијата што го проучува таложењето метали од нивните соли.

галеб | м.

Вид силно градена птица со долги зашилени крилја, обично со бела боја, што живее покрај вода; Larus. Ниско над сините бранови летаа галебите.

галебов | прид.

Што му припаѓа на галеб. Галебово крило.

галеж | м.

Милување, мазнење, нежно допирање. Трепереше од неговиот галеж.

галежен | прид.

Што е нежен, мил. Галежен шепот.

галежлив | прид.

Што сака да се гали. Тој е многу галежлив.