галантен | прид.
Што е дарежлив, широкоград, услужлив, љубезен, учтив. Ме нарекуваше негова муза и беше галантен во комплиментите.
галантерист | м.
Трговец со галантериска стока.
галантерија | ж.
Ситна трговска стока за лична употреба. Во една продавница за машка галантерија купи копчиња за ракави.
Галапагос | м.
Чилеански архипелаг во Тихиот Океан.
галванизам | м.
Појава на електрицитет што настанува при допир на некои метали (според името на пронаоѓачот Луиџи Галвани).
галванизација | ж.
(физ.) Покривање на површината на некој метал со слој на друг метал со помош на галвански електрицитет.
галванизира | св. и несв.
(физ.) Покрие, покрива со слој на метал со помош на галвански електрицитет.
галванографија | ж.
Постапка за изработување на печатарски клишеа.
галванокаустика | ж.
Горење чиреви и други израстоци на кожата со помош на галванска струја.
галванометар | м.
Направа за мерење на јачината на галванската струја.