доба | ж.

Време (обично ноќно). Идењето на комесарот во оваа доба и во овој миг ги збуни. Во оваа доба обично ја наполнуваше печката. Која доба е сега?

добаботи | св.

За оган – почнува да тлее, да се гаси. Огнот во печката добаботи.

добае | св.

Престане, заврши со баењето.

добар | прид.

а) Што е со мек и благ карактер, што не прави зло, што сочувствува со другите. Нема подобар учител од него. Тој беше добар човек и добар татко. Тие беа добри деца. б) Што е карактеристичен за човек со благ карактер. Тој има добра душа и добро срце.

добара | св.

Заврши, престане со барањето.

добања | св.

Избања, искапе некого; заврши со бањањето.

добега | св.

Бегајќи од некаква опасност, стигне некаде или кај некого. Требало веќе да тргнат за да добегаат конечно до стреата на привремените прибежишта.

добеган | прид.

Што стигнал некаде или кај некого бегајќи. Добегана мома – девојка што против волјата на родителите побегнала кај момчето; бегалка.

добележи | св.

Заврши или прекине со бележењето; обележи, запише до крај. Доцна вечерта го добележи текстот и го подготви за предавање. Зборуваше многу брзо и не можев да ги добележам неговите зборови.