доврека | св.
Престане со врекањето.
довреска | св.
Престане со врескањето, замолчи.
доврзе | св.
Заврши со врзувањето. Штом ќе ги доврзам сите пакети ќе, дојдам.
доврие | св.
Престане да врие. Кога доври водата таа го тргна лончето.
доврне | св.
За дожд, снег, град – престане да врне. Ќе чекам да доврне, зашто не носам чадор.
доврти | св.
Заврши со вртењето. Плочата доврти и тој повторно ја пушти од почеток.
довртка | св.
Заврши со врткање преѓа, конец. Ја довртка преѓата на вретеното.
доврши 1 | св.
Заврши, изврши до крај некаква започната работа. Постарите довршија со кафето и тргнаа на работа. И наеднаш, уште не довршил, згрмеа топовите и гранатите.
доврши 2 | св.
За жито – врши до крај. Житото треба да се доврши.
довршок | м.