довтаса | св.

Дојде, стигне на кој било начин. Вечерта по мракот довтаса и итрецот со својата дружина. Од прозорецот на теќето довтаса глас.

довчерашен | прид.

Што траел, што бил до вчера; што бил до неодамна, до скоро; скорешен. Го напуштија сите довчерашни пријатели. Веќе не се противеше, исчезна нејзината довчерашна намуртеност.

довјава | св.

Дојде јавајќи на коњ, магаре. Пред меаната довјава непознат коњаник.

довјаса | св.

Дојде, пристигне со голема брзина. Командирот довјаса пред колоната.

догази | св.

Изгази нешто доволно, до крај. Го догази грозјето во бурето.

доган | м.

Сокол.

доганѕа | св.

Се довлечка со тешкотии. Доганѕа до креветот, легна и веднаш заспа.

доганџија | м.

Соколар.

догизден | прид.

Дотеран, накитен.

догизди | св.

Дотера, накити, нагизди. Мајката го догизди детето.