доводен | прид.

Што служи за доведување, за спроведување на нешто. Доводните вентилациони канали се поставуваат на страните на објектот.

довоз | м.

Донесување стока со превозно средство. Довозот на стоки во тие услови беше отежнат.

довози | св.

Извози до крај; заврши со возењето. Возачот на формула го довози последниот круг.

доволен | прид.

Што е во онаа мера колку што е потребно; достатен. Самиот тој чин бил доволен за да ме згазат. Јас не сметав дека таа казна му е доволна. Доволен е само еден збор, па целиот одред да јурне. Раководителите не успеаја да бидат во доволна мера во согласност со барањата на нивната работа.

доволно | прил.

Во доволна мера, онолку колку што е потребно. Знаеше дека син му е доволно умен за да знае да се снајде. Мислам дека не ја сакаше доволно. Има доволно храна за сите.

довообличи | св.

Даде на нешто конечен облик, оформи до крај. Тој ги довообличи само оние текстови што содржат суштински елементи.

довојува | св.

Заврши, престане со војувањето. Оваа битка мора да се довојува и покрај сите притисоци.

довратник | м.

Составен дел (најчесто страничен) од рамката на вратата или целата рамка; просторот под вратата. Тој ја пикна ногата меѓу довратникот. Се потпре на довратокот за да ја пропушти тројката

доврви | св.

Изврви до крај. Го доврви патот.

довреви | св.

Престане со вревењето. Доцна во ноќта улицата довреви и тишина го исполни просторот.