доголта | св.
Проголта до крај.
догони | св.
Стигне некого. Го догони крадецот на крајот од уличката.
догори | св.
Изгори до крај, престане да гори. Пламенот ќе догори и ќе остане само жарот. Цигарата му догоре меѓу прстите.
догорче | ср.
Остатокот од цигарата до филтерот. Од секое догорче палеше нова цигара.
догорчи ми | св.
Почувствува горчина.
доготви | св.
Подготви, суреди до крај. Ја чекаше да ги доготви алиштата во куферот.
дограба | св.
Ограби, пљачкоса до крај. Сѐ што им остана војската го дограба.
дограби | св.
Дофати, зграпчи. Одвај втасале да ги дограбат децата.
доградба | ж.
Нешто што дополнително се доградува, дел што е доѕидан до некој објект. Во доградбата што ја направија сместија кираџии.
догради | св.
Изгради до крај, заврши со градењето. Тој ја догради куќата пред да фати зимата.