дограма | ж.

Градежна дрвенарија (прозорци, врати и др.).

дограмаџилак | м.

Столарски занает.

дограмаџија | м.

Лице што изработува предмети од дрво, столар.

дограпчи | св.

Зграпчи, дофати. Во трчање го дограпчи палтото и јурна низ вратата.

догрдее | св.

Стане здодевно, неподносливо преку секоја мера. Му догрдеа веќе да ги слуша неговите совети.

догребе | св.

Извади нешто од некоја површина со стружење, гребење.

догрее | св.

Престане да грее. Јасните ѕвезди в зори догреале.

догрепка | св.

Гребе малку, по малку.

догрибла | св.

Заврши со собирањето на сеното, слама и др. со помош на грибло.

догризе | св.

Изгризе до крај, изеде. Детето го догриза јаболкото и го фрли.