догрли | св.

Заврши со покривањето со земја, со грлењето компири, пченка и сл.

догрми | св.

Престане да грми. Времето стивна, облаците догрмеа.

догрува | св.

Заврши со грувањето.

догруши | св.

Заврши со гмечењето, изгмечи до крај (грозје и др.) 2. Заврши со кршењето ореви, лешници.

догурбетува | св.

Престане да оди на гурбет, на печалба.

додавач | м.

Лице што додава некакви предмети при работа. Тој е најдобриот додавач во екипата.

додаде | св.

Даде, стави, направи нешто дополнително; дополни, дотокми. Му нареди да додаде малку мед и сето тоа да го измеша. Но, за ткаењето да биде појако, ќе ви додадам уште една нишка.

додатен | прид.

Што се додава, што е уште некој дел, елемент кон нешто што е целосно; дополнителен. Додатни делови. Додатна опрема.

додаток | м.

Тоа што се дава кон нешто за да го дополни, да го подобри и сл. Како додаток во јадењето се ставаат неколку зачини.

додвори се | св.

Стекне нечија наклонетост, заработи нешто со умилкување, ласкање, вршејќи различни услуги, со понизно однесување. Гледаше секогаш да му се додвори на директорот.