додере | св.
Одере до крај. Остана уште кожата да се додере.
додипли | св.
Здипли, свитка до крај. Ткајачката го додипли платното.
додлаби | св.
Издлаби до крај. Реката ја додлаби карпата и го прошири своето корито.
додои | св.
Заврши со доењето. Жената го додои детето и го легна да спие.
додола | ж.
Народен обичај во кој учесниците, најчесто девојки, во врели и сушни денови, одат од куќа на куќа, се прскаат со вода и пеат посебни песни, молејќи да заврне дожд.
додоларка | ж.
Девојка што учествува во обредот додола.
додоле | ср.
додолка | ж.
додолу | прил.
До најниското место, најниско. Таа, како секогаш, беше закопчана одгоре додолу. Трчаше по ридот сѐ додолу.
Додома | ж.
Главен град на Танзанија.