додржи | св.

Држи додека треба. Одвај го додржа да не го пушти да падне.

додупи | св.

Заврши со дупењето.

доенче | ср.

Бебе цицалче. Во крошната на доенчето фрлија пари за да му биде богат животот.

дожали | св.

Престане да жали некого или нешто, прежали. Го дожали ли веќе изгубениот шал?

дожд | м.

Атмосферска појава во вид на водни капки што паѓаат од облаците. Вчера падна пороен дожд.

дождалец | м.

Водоземно животно, слично на гуштер, со црна боја и со жолти дамки по телото, коешто живее во влажни предели; Salamandra maculosa. Дождалците се појавуваа од жолтите лисја под соголените дрвја.

дождарка | ж.

Додолска песна. Дождарки се пеат во пролет за да биде годината родна.

дождевен | прид.