дозима | несв.

дозира | св. и несв.

Определи, определува, даде, дава доза. Неправилно му го дозирате лекот на пациентот.

дознае | св.

Дојде до сознание за нешто, разбере нешто ново, непознато. Од разговорот дознав каде е мојата група. Во Белград дознал за несреќната судбина на својот брат.

дозоба | св.

Заврши со зобањето. Коњот го дозоба овесот.

дозреан | прид.

Дозреан плод.

дозрее | св.

Стане зрел, узрее добро. Неколку лози дозреаја по завршената берба.

дои | несв.

Храни бебе или младо животно давајќи му да цица.

доигра | св.

Заврши игра, престане да игра. Доиграјте ја играта, па соберете ги играчките. Ја доиграа партијата шах. Ќе го доиграм валцерот, па ќе си одам.

доизаби | св.

Изаби до крај, сосема. Го доизабивме ножот и не е за употреба.

доизарчи | св.

Потроши нешто (обично пари) сосема, до крај. Ги доизарчи парите и си дојде дома.