доистрезни | св.
Истрезни некого сосема, дотрезни. Студениот воздух ги доистрезни свадбарите.
доистресе | св.
Истресе сѐ.
доистрие | св.
Истрие сѐ.
доиструже | св.
Иструже сѐ што било за стружење.
доистури | св.
Истури нешто до крај, испразни. Доистури го гравот од вреќата. Доистури ја водата од шишето.
доистурка | св.
Истурка сѐ, сите до еден. Ги доистурка кеглите.
доисуши | св.
Исуши сосема, доволно.
доисфаќа | несв.
Исфаќа сѐ, сите до еден.
доисфрли | св.
Исфрли сѐ, сите до еден.
доисхрани | св.
Исхрани до крај, сите. Работеше напорно да го доисхрани семејството.