доисцеди | св.

Исцеди до крај, доцеди.

доисцрпи | св.

Исцрпи сѐ, до крај.

доисчека | св.

Исчека сѐ, сите до еден. Ги доисчека да влезат сите, па потоа почна да зборува.

доисчисти | св.

а) Исчисти сѐ, сите до еден. Откако се одмори, ги доисчисти рафтовите. б) Исчисти нешто до крај, сосема. Го доисчисти станот.

доисчита | св.

Исчита сѐ. Ги доисчита книгите од својата библиотека.

доита | св.

Дојде со итање, со брзање. Таа доита кај мене да ми ја каже веста.

док | м.

Пристаништен базен во кој се сместува брод за растоварање стока, за чистење, пристигнување или за вршење поправка на бродовите.

докажаност | ж.

Особина на тоа што е докажано;

докаже | св.

Каже, раскаже нешто до крај. Не ми докажа што стана понатаму. Селаните не го оставија да докаже до крај.

докажлив | прид.

Што може да се докаже, да се потврди со аргументи; Оваа варијанта теориски е подокажлива.