Дарданија | ж.
Древна област на Балканскиот Полуостров.
дарежлив | прид.
Што лесно дава, што сака да подарува. Дарежлив селанец. Дарежлив вујко.
дари | св.
дарина | ж.
Голема бела крпа извезена по аглите. Пушти ја на золвата дарината, прати ја на свекорот кошулата.
дарител | м.
Лице што дава нешто на дар, тој што дарува. Дарител на манастир.
дарлија | прид.
дармадана | ж.
Неред, безредие, расфрленост, растуреност. Отиде во килерот и таму направи дармадана. Косите ѝ ги направи дармадана.
дармар | м.
Неред, безредие, метеж. Се разлути и направи дармар.
Дарна | ж.
Река во Индија.
даровен | прид.
Што е наменет за дарување; Зошто ми, зошто остана кошула недоткаена? Кошула беше даровна.