дар | м.

Тоа што по своја волја се дава некому; подарок. Срцето ѝ го ветил за дар. Повели, цвеќе за дар.

дара | ж.

Разлика во тежина меѓу стоката и амбалажата во која се наоѓа.

дарба | ж.

Вродена особина, способност за творење во областа на уметноста, на науката, на техниката и сл.; талент, надареност. Дарба за помнење. Дарба да претскажува. Поетска дарба.

дарбалија | прид.

Што има дарба, надарен.

дарбука | ж.

Арапски музички ударен инструмент од печена глина во вид на широко грне со оптегната кожа на отворот.

дарвинизам | м.

Учење на англискиот природонаучник Дарвин за развојот на растителниот и на животинскиот свет.

дарвинист | м.

Приврзаник на Дарвиновата теорија.

дарвинистички | прид.

Што припаѓа, што се однесува на дарвинист и на дарвини

Дарданели | и.

Морски проток помеѓу Егејско и Мраморно Море.