докрши | св.
Крши, искрши до крај. Ги докршив чашите.
доктор | м.
(само едн.) Највисок академски степен што се добива со изработка и одбрана на значаен научен труд во определена област на науката. Кандидатот се здоби со научен степен доктор по филолошки науки.
докторанд | м.
Лице што се подготвува за одбрана на докторска дисертација.
докторат | м.
Академски степен – доктор на науки.
докторира | св. и несв.
Стане доктор на науки, положи докторски испит. Тој докторира пред две години. Докторирал по психологија.
докторлак | м.
Лекарска професија. Добро му одеше докторлакот.
докторува | несв.
Се занимава со лекување, работи како лекар. Докторуваше во едно планинско село.
доктрина | ж.
Учење, систем од научни, филозофски, политички или др. мислења. Филозофска доктрина. Политичка доктрина.
доктринарен | прид.
Што се засновува на доктрина, што произлегува од доктрина. Доктринарна апстракција. Доктринарни конфликти.
доктринер | м.
Лице што строго се придржува до определена доктрина. Тој беше повеќе доктринер отколку политичар.