домаќинов | прид.
Што се однесува на домаќин. Домаќинов адет.
домаќински | прид.
Што се однесува на домаќин. Да направиме домаќински муабет. Му ја згази честа и домаќинското достоинство. Ја заменуваше во сите домаќински работи.
домаќинство | ср.
Лицата што живеат заедно како едно семејство и нивниот имот. Таа ќе има свое домаќинство. Во Македонија биле колонизирани околу 7 000 домаќинства.
домеле | св.
Заврши со мелењето, сомеле нешто до крај. Домели го месото. Пченката ја домеливме, нема повеќе.
домен | м.
Подрачје, област, сфера на некое знаење, наука, работа и сл. Тоа е од доменот на правната материја. Сказната не му припаѓа на доменот на фантастичното, туку на доменот на чудесното.
домери | св.
Заврши со мерењето, измери до крај. Домери ги вреќите со брашно.
домеси | св.
Заврши со месењето. Го домесив тестото.
домет | м.
Далечина до која може да се дофрли или да се дофати нешто. Потерата наближи на домет.
домеша | св.
Меша, измеша сѐ, до крај. Ја домешав салатата.
домие | св.
Заврши со миењето. Ги домив чиниите.