доминанта | ж.
Главен мотив, основна идеја, основна карактеристика. Љубовта е доминанта во сите негови песни.
доминантен | прид.
Што доминира, преовладува над другите; што е главен, најважен. Народните песни се доминантен дел на нашето народно поетско творештво. Од повеќе светилки избиваше светлина во разни бои од кои доминантна беше црвената. Ние ги имавме заземено доминантните позиции.
доминација | ж.
Власт, владеење, надмоќност. Под нивна доминација биле и повеќе други мали острови.
Доминика | ж.
Островска држава во Карипското Море. Доминиканец, Доминиканка, Доминиканци етн.
Доминикана | и.
Доминиканска Република | ж.
Држава на островот Хаити, Карипско Море.
доминион | м.
Самоуправна, независна територија со свои органи на власта која влегува во составот на Британската империја; поранешна британска колонија. Во државноправен поглед континентот имаше сличен развиток како и другите доминиони.
доминира | несв.
Преовладува, има надмоќ, се истакнува, надвишува. Сината боја доминираше на ѕидот. Во деветнаесеттиот век во литературата доминира францускиот роман. Тој даб доминираше над целата месност.
домино | ср.
(само едн.) Вид игра со правоаголни плочки кои на едната страна се обележани со различен број точки.
домисла | ж.
Нешто што е резултат на нечие размислување, нешто што е смислено; замисла. Идејата, среќната домисла да се состави ваква книга, се раѓа речиси спонтано. Беше брз на зборот, уште побрз на домислата. Тоа се само пусти домисли.