домисли | св.

Смисли, обмисли нешто до крај. Не ја домислил работата како што треба.

домоли | св.

Постигне нешто со молење. Ја домоли мајка си да ѝ купи нов фустан.

домороден | прид.

Што е од домашно потекло; тукашен, домашен. Луѓето пиеја од нашата лута домородна мастика. Домородни птици. Домородни алатки.

домородец | м.

Лице што потекнува од определено место; староседелец. Домородецот стоеше покрај узенгиите и плашливо гледаше. Овде живеат неколку стотини домородци.

домота | св.

Мота, намота до крај. Ја домотала и последната мотаница со преѓа.

домрда | св.

Престане да мрда. Врапчето мрда, мрда и домрда.

домрзи ме (те го...) | св.

Стане мрзлив, нема волја за работа. Ги домрзе да работат, па излегоа да се прошетаат.

домски | прид.

Што се однесува на дом. Домски ред. Домска управа.

Дон | м.

Река во Русија.

донавие | св.

Навие нешто до крај. Донавиј го часовникот оти ќе запре.