донамисли | св.
Добро обмисли, смисли нешто до крај. Не го кажа тоа што го донамисли.
донапие се | св.
Се напие доволно. Не се донапил од водата.
донаполни | св.
Наполни до крај. Ги донаполни чашите со ракија.
донаправи | св.
Направи нешто до крај. Не сака да ги донаправи другите одаи.
донатор | ж.
Лице што подарува, што донира сопствени средства за помош на заеднички корисни работи.
донаторство | ср.
Акција на донирање средства, парична помош.
донација | ж.
Подарок, подарување, акт на донирање. Парите за изградба на салата се донација од нашите иселеници. Потребните средства се обезбедени преку странски донации.
доначуди се | св.
Се начуди многу. Не можевме да се доначудиме гледајќи ги прекрасните автомобили.
донајаде се | св.
Се најаде доволно. Се донајадов и легнав да се одморам.
донде | прил.
До она место. Донде можеш и пешки да одиш. Испрати ме дондека